Акцијашкиот клуб „Брег на маладоста”, реализирајќи ги своите програмски активности, афирмација на акцијаштвото, волонтеризмот, хуманизмот и солидарноста, но и почитување на историските вредности како и почит спрема луѓето кои ги дадоа своите животи за денешната слобода, вчера во Спомен паркот на револуцијата – Охрид, се реализира акција засадување „31 Туја за 31 изгубен живот”.
„Заедно со подмладоците од основните училишта од Охрид се одржа историски час и се расчисти околината.“– велат од АК „Брег на младоста“.