Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10,51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 39/16), Општина Охрид, на ден година, 01.11.2016 донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
За планскиот документ ЛУПД со намена Г3-Сервиси на КП 1141/5 КО Лескоец, Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ ЛУПД со намена Г3-Сервиси на КП 1141/5 КО Лескоец, Општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
За планскиот документ документ ЛУПД со намена Г3-Сервиси на КП 1141/5 КО Лескоец, Општина Охрид, кој го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство).
Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .