Изминативе неколку дена екипите на ЈП „Охридски Комуналец” покрај редовните активности на собирање лисја беа ангажирани на расчистување на кејот од наноси на трска, реси и отпад кои беа донесени со силниот ветар од јужен правец, информираат од претпријатието.
„Беа собрани и подигнати околу 15м/3 од истите. Во наредните денови ке се продолжи со истото темпо во раните утрински часови, со цел да се одржува чистотата на градскиот кеј и пристаништето.“– додаваат оттаму.