Започнува државното првенство во стрелаштво за основни и средни училишта

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а со поддршка на Стрелачката Федерација на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Охрид, на 18.11.2016 година ќе се одржи Државно првенство во стрелаштво за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција на стрелиштето во „БЕЈ БУНАР“-Охрид.

Пријавите се доставуваат на следната електронска адреса fusmakkontakt@yahoo.com, најдоцна до 17.11.2016 година. Повеќе информации можат да се обезбедат на sportskiigri.mon.gov.mk.