Државната изборна комисија вечерва целосно ги прифати кандидатските листи на пет политички субјекти, а на еден им врати дел од листите на доработка поради констатирани неправилности.
Комисијата на седницата ги потврди листите на Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија, на Коалицијата „Алијанса за Албанците“, на Левица и на НДМ, додека листите на СДПМ за првата и за третата изборна единица, се вратени на доработка.
Кандидатските листи на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на опозициската коалиција предводена од СДСМ, на ДУИ, на ДПА, на ПДП, на ЛП и на Беса беа прифатени на вчерашната седница на ДИК.
Редоследот на кандидатските листи на гласачкиот лист ќе биде утврден на 20 ноември со ждрепка, а следниот ден ќе почна 20-дневната изборна кампања.
Извор: meta.mk