Министерот за образование и наука се сретна со ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Mинистерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу имаше средба со ректорот на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј„ во Скопје, проф.д-р Никола Јанкуловски.

На средбата Лутфиу и Јанкуловски разговараа за досегашната соработка односно размената на искуствата во високото образование изразувајќи ја заедничката желба за продолжување на понатамошната соработка.

Ректорот Јанкуловски му честиташе на министерот Лутфиу за работата и континуираната поддршка на Министерството за образование и наука, исто така ректорот Јанкуловски изрази задоволство за соработката и за образовните , научните активности помеѓу двете институции.

И на крај министерот Лутфиу му се заблагодари на ректорот Јанкуловски за посетата , со можност и надеж за продлабочување на соработката и во иднина.