АХВ: Спорните серии производи на Јувитана не се увезени на македонскиот пазар

По добиената информација дека од српскиот пазар се повлекуваат дел од палетата производи наменети за деца од брендот Јувитана, произведени од компанијата Свислајон – Таково, поради сомнеж за зголемено присуство на пестициди во нив, инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство направија вонредна инспекциска контрола во компанијата која ги увезува овие производи на македонскиот пазар. 

Од извршената контрола, констатирано е дека ниту еден од спорните серии на Јувитана производите не се наоѓаат на македонскиот пазар.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи и понатаму будно да ја следи состојбата и навремено и соодветно ќе ги преземе потребните мерки.