МОН: Пријавување за Државно првенство во шах за основни и средни училишта до 24 ноември

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, на 25. 11.2016 година, ќе се одржи Државно првенство во шах за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција. Натпреварите ќе се одржат во ОУ „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане.

Пријавите се доставуваат на следната електронска адреса: fusmakkontakt@yahoo.com, најдоцна до 24.11.2016 година. Повеќе информации можат да се обезбедат на sportskiigri.mon.gov.mk