Се одбележува Неделата на грижа за стари лица

Како дел од своите програмски активности, а во рамки на одбележување на Неделата на грижа за стари лица Црвен крст Охрид од денес па во наредните денови со своите тимови од социјално-хуманитарната и здравствено-превентивната дејност, помогнати со членови од здржението „Мозочен удар“ за борба против мозочен удар, ќе посетат стари лица во селата во општина Дебрца, при што ќе им поделат хуманитарна помош (прехрамбени производи, ќебиња) и ќе вршат основни здравствени прегледи (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта, ЕКГ).

Ваквите активности ќе продолжат и во текот на наредната недела со посета на стари лица во селата во општина Охрид.

logo-dnevnik