Директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Митко Чавков во просториите на Министерството за внатрешни работи прими донација од 18 „HP“ десктоп компјутери и 18 „HP“ монитори од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Донацијата ја предаде Виктор Соцки, в.д. раководител на Отсек за развој на полиција при Мисијата.
Оваа донација е дел од поопшта заедничка активност, спроведена согласно договорениот список на активности извршени во рамки на Унифицираниот буџет на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за 2016 година, која цели кон институционално зајакнување на капацитетите во рамки на структурите на МВР во областа на криминалистичка анализа и споделување разузнавачки информации. Заедно со досегашните завршени активности од Националната и регионална проценка на закани од сериозен и организиран криминал (SOCTA), оваа активност го надополнува и придонесува за идниот модел на Полициска работа водена од разузнавање во земјата.
Оваа активност е уште еден пример на плодната и ефективна соработка меѓу Мисијата на ОБСЕ и МВР.