Средба на министерот Спасовски со Делегацијата на Ад хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на изборите

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со Делегацијата на Ад хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на изборите, на која се разговараше за парламентарните избори на 11 декември и улогата на МВР во обезбедувањето на фер и кредибилен изборен процес.

Министерот Спасовски истакна дека МВР ќе направи се што е потребно за да можат граѓаните самостојно да ја донесат својата одлука на 11 декември. Исто така ја потенцираше решеноста дека нема да дозволи било какви злоупотреби на институцијата од страна на било која политичка партија.