Голем успех на охридските гимназијалци на настанот ,,Ноември-месец на науката”

Потрагата по нови знаења,откривање на нови хоризонти, но и дружење и забава ,овојпат однесе неколку охридски гимназијалци со своите наставници по физика во просториите на City Mall во Скопје на еден навистина прекрасен настан насловен како „Ноември-месец на науката”. Настанот на кој охридските гимназијалци се претставија на 19.11.2016 година претставуваше еден прекрасен спој од наука и дружење помеѓу менторите и учениците кои настојуваа да се покажат пред многубројната публика во најубаво светло. Следуваа многу научни и интересни изработки, демонстрации и експерименти подготвени и презентирани од учениците кои комисијата од професори од Природно-математичкиот факултет во Скопје со голема посветеност и внимание ги следеше и оценуваше.

„Прекрасната организација на оваа манифестација им овозможи на учениците да проследат и многу интересни предавања како и посета на лабораториите на ПМФ.“- велат од Гимназијата.

fiz3

На овој настан, во областа на физиката, учениците од охридската гимназија се закитија со следните награди:Прва награда-категорија освоија ученици од четврта година: Марија Мојсовска на темата :Шлирен ефект (ментор Јасмина Јанева),

Втора награда-категорија ученици од втора година:Емилија Наумоска и Викторија Алексовска на темата:Генерирање на ултразвук со магнетострикција (ментор Марија Сиљаноска).

Трета награда-категорија ученици од четврта година: Грозданов Димитриj и Грозданова Михаела на темите: Mini Hoverboard и пиезоелектричен генератор (ментор Виолета Никовска).

fiz1_cr