Согласно задолженијата кои ги има ЈП „Охридски комуналец“ по „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”, екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет.
Заради специфичноста на теренот во стариот дел од градот на одредени пунктови се депонирани абразивни средства (50тина вреќи со сол).