СВР-Скопје, поднесе кривична пријава против Е.К. (31) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ предвидено и казниво по чл.238 од КЗ на РМ, за што од страна на судија на претходна постапка му била одредена и мерка притвор во траење од 30 дена .
Имено пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист на 03.09. годинаva околу 22,30 часот се упатил кон село Горно Нерези. Истиот се прекачил преку оградата, влегол во дворно место од куќа и најверојатно преку незаклучената балконска врата од кујната влегол во куќата.
Откако влегол внатре направил претурање и пребарување по мебелот во дневната соба и гардероберот од каде пронашол и одзел една женска чанта, златен прстен, мобилен телефон, 1000 евра, 10.000 денари и еден пиштол марка Берета калибар 7,65 мм. Пријавениот при вршењето на кривичното дело бил затекнат од страна на сопствениците, при што со цел да ги задржи украдените предмети, со употреба на спреј за онеспособување го испрскал во лицето сопственикот и заедно со украдените предмети го напуштил местото на настанот.
Од страна на ЕУМНА при СВР Скопје, бил извршен увид при што бил пронајден и подигнат спреј кој пријавениот при бегството го оставил во куќата и истиот бил предаден за вештачење за кои било утврдено дека истиот припаѓал на Е.К. Врз основа на претходно добиена наредба, од страна на полициските службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров, бил извршен претрес во неговиот дом но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Во ПС ОН Карпош бил извршен разговор со Е.К. и истиот го негирал извршувањето на кривичното дело.
Инаку Е.К. е познат сторител на кривични дела против имотот, против животот и телото, против јавниот ред, против правниот сообраќај, кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот како и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај за што досега од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје се оиднесени 17 кривични пријави и тоа седум кривични пријави за сторено кривично дело „тешка кражба“ по две кривични пријави за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ како и по една кривична пријава за сторени кривични дела “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „одземање на моторно возило“, „предизвикување општа опасност“, „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ а од страна на СВР Струмица поднесена му е една кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“.