Амбасадорот беше фасциниран од убавината на овој историски споменик, кој по многу нешта е yникатен не само во Македонија.
Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, денеска со неговите соработници го посети историскиот споменик на културата, Шарена џамија во Тетово.
Тој беше пречекан и придружуван од Државниот секретар во Министерството за култура,Бехиџудин Шехапи, по професија е историчар на уметноста. Амбасадорот, од г. Шехапи доби детални историски податоци за знаменитоста и значењето на ова историско дело кај нас, кој припаѓа на исламската уметност.
Амбасадорот беше фасциниран од убавината на овој историски споменик, кој по многу нешта е yникатен не само во Македонија.