Во рамки на работната сесија посветена на потпрограмата „Култура“ ќе бидат претставени: холандското искуство со потпрограмата „Култура“, категоријата „Платформи“ и успешни проекти (категории: „Платформи“ и „Проекти за соработка“) …
Министерството за култура и Агенцијата за филм на 1 декември 2016 година, со почеток во 10.30 часот, во Центарот за дизајн и иновации Јавна соба – Скопје, организираат презентација на двете потпрограми на „Креативна Европа“, „Култура“ и „МЕДИА“. Гости на настанот ќе бидат претставници на Канцеларијата на Креативна Европа – Култура од Кралството Холандија (г-ѓа Клартје Булт и г-ѓа Максим Зеф), д-р Елица Стоилова од Пловдивскиот Универзитет и г-дин Камен Балкански од Канцеларијата на Креативна Европа – МЕДИА од Бугарија.
Во рамки на работната сесија посветена на потпрограмата „Култура“ ќе бидат претставени: холандското искуство со потпрограмата „Култура“, категоријата „Платформи“ и успешни проекти (категории: „Платформи“ и „Проекти за соработка“).
Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма МЕДИА на Р. Македонија во соработка со Канцеларијата на Креативна Европа – МЕДИА од Р. Бугарија ќе одржи дебата на тема ,,Креативна Европа МЕДИА – Можности и предизвици’’