По повод одбележувањето на 1100 години од смртта на Св. Климент Охридски – првиот словенски архиепископ, втемелувачот на првиот словенски универзитет, светител и просветител, Министерството за образование и наука на 30 септември 2016 година објави Кокурс за ученици од основните и средните училишта во Република Македонија – за есеј на тема „Св.Климент Охридски и моќта на словото“.
На Конкурсот кој беше отворен до 31 октомври 2016 пристигнаа 105 есеи. Министерството за образование и наука информира дека Комисијата која ги разгледуваше есеите, ги одбра трите најдобри, согласно условите кои беа наведени во конкурсот.
Првото место за есеј на тема „Св.Климент Охридски и моќта на словото“ го освои Васка Ефтимова, ученичка во четврта година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија,
Второто место за есеј на тема „Св.Климент Охридски и моќта на словото“ го освои Рената Панчова четврта година во СОУ „Славчо Стојменски“ Штип,
Тертото место за есеј на тема „Св.Климент Охридски и моќта на словото“ го освои Мартина Пешова ученичка во деветто одделение во ООУ „Стојан Бурчевски- Буридан“ с.Сујаклари, Велес.
Министерството за образование и наука изразува благодарност до сите ученици кои изработија есеи и се вклучија во натпреварот. За учениците чиишто есеи се најдборо рангирани, предвидени се симболични награди и пофалници.