Изложба на дела од членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) насловена “Експериментален цртеж 2016“, беше отворена вечерва во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе” од Кавадарци.
„Премиерно, Друштвото ја отвора оваа изложба овде, со што на некој начин ги дисперзира своите активности“, рече на отворањето на изложбата директорот на Домот на културата Владимир Темков.
Претседателот на ДЛУМ Христијан Санев информираше дека ваква изложба се организира по седми пат, а за прв пат Министерството за култура со кое имаат соработка, се јавува како нејзин покровител, за што изрази благодарност.
ДЛУМ, посочи, годинава слави јубилејни седум децении постоење. Од неодамна е член во Светската организација на ликовни здруженија на УНЕСКО.
Благодарение на тоа членство, ликовните уметници од ДЛУМ имаат можност за меѓународни картички со кои се добива бесплатен влез во сите светски музеи.
Настанот е во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2016”, која трае неполни шеесетина дена, време за кое се реализираа повеќе од седумдесет настани.
На отворањето на изложбата присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска