Меѓународен ден на лицата со хендикеп

Од 1992 година, Меѓународниот ден на Обединетите нации за лицата со попреченост (IDPD) се прославува секоја година на 3 декември во целиот свет.

Темата за Меѓународниот ден за оваа година е „Постигнување на 17 цели за иднина каква што сакаме“. Оваа тема го одбележува неодамнешното усвојување на 17 цели за одржлив развој и улогата на овие цели во градењето на посеопфатен и правичен свет за лицата со посебни потреби.

Цели за оваа година вклучуваат проценка на моменталната состојба на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и поставување на основа за иднина на поголема вклученост на лицата со посебни потреби.

Одбележувањето на овој ден во 2016 се совпаѓа со 10-годишнината од донесувањето на една од најпознатите брзо и широко ратификуваните меѓународни договори од страна на Обединетите нации.

WebOhrid