Среќата ги следи храбрите, затоа бидете храбри за да бидете среќни. Бидете храбри да бидете свои луѓе да имате самодоверба, да верувате во себе и да успевате. Успехот е тој што ќе ви донесе среќа. Бидете успешни и никогаш не потклекнувајте под кој и да е предизвик, бидете силни и храбри да го добиете тоа што го посакувате и да го сакате тоа што го имате. Ова денеска денеска од Струга го порача претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов на учесниците на конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за младите денес”.
Учесници на конференцијата се претставници од седумте генерации на Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, се одржува од 2010 година.
Подготвувајќи ги младите за иднината да бидат храбри, добри, да се почитуваат себеси и другите, претседателот Иванов истакна дека тие се милениумска генерација, родени во еден, а целиот живот ќе го поминат во нов, односно третиот милениум. Овој премин, посочи, многу го чуствуваат и прифаќаат негативно, бидејќи не се навикнати на толку брзи промени, на што укажувале сите предавачи на Школата за млади лидери. Ние, нагласи претседателот, уште ја применуваме традицијата и наследството од првиот милениум, на што не потсетува и славењето јубилеј 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, чии учења се вон временски, дека сепак на крајот добрината победува, а убавината и добрината се нешто што предизвикува позитивни чуства и енергија кај човекот.
„Учењата што ни ги оставил се дека мора да се образуваме и воспитуваме. Мораме да вложуваме во нашето образование и воспитување. Школата е дел од тоа воспитување бидејќи изминатите седум години не упатуваше во вештините на успешните луѓе, кои ви ги пренесуваа нивните сознанија. Несебично ви даваа се што имаат да го користите во вашиот живот“, рече претседателот Иванов.
Суштината на новиот милениум, според него, е дека се раѓа нов свет и ние сме сведоци на тоа, а младите лидери треба да го прилагодат времето кон тој нов свет.
Најголемата тајна на среќниот и успешен човек била во една реченица : „сакајте го тоа што го имате”.
„Секој кога ќе го почитува и сака тоа што го има еден ден ќе го има и тоа што го немал, но ако го сака тоа што го нема ќе го изгуби и тоа што го има. Суштината е во сакањето, сакајте ги своите ближни, семејства, деца, родители, соседи, пријатели, оние што ви помагаат во животот. Сакајте го вашиот град, држава… Сакајќи си ја државата и регионот, континентот и светот вие станувате свесни што значи да се сака,“ подвлече претседателот Иванов пред младите лидери.
Омразата, нагласи тој, никому не му донела корист, омразата создавала негативна енергија меѓу луѓето која доведувала до конфликти, војни, нешта што генерации ги носеле со себе како предрасуди и нвините деца неможеле да ги тргнат од тоа негативно наследство.
„Ние имаме позитивни искуства и позитивно наследство, кои ќе ни користат во третиот милениум,“ заклучи претседателот Иванов.
Во минатотот, додаде постоела почит, која е многу повозвишена од толеранцијата. Тоа го покажува и традицијата на почитување на меѓу различните етнички заедници, кои почитта ја издигнале во стил на живот.
Школата за млади лидери е позитивен пример кој почнаа да го применуваат и други политичари низ светот.
„Светска банка беше изненадена од некои млади луѓе од Македонија што и даваа насоки каде ќе се движи светот и со што да се занимаваат светските институции. Иако бевме на локално, почнуваме да делуваме и на глобално ниво. Ме радува што Школата ја почнавме заедно сите станува приемер која ја следат светски политичари“, рече претседателот Иванов, порачувајќи им на младите лидери да бидат иновативни и креативни и да создаваат нови и корисни работи.
На отворањето на конференцијата се обрати и амбасадорот на САД во Република Македонија, г. Џес Бејли, кој се заблагодари за упорноста и посветеноста на проектот и на младите лидери им ги посочи петте клучни концепти по кои работи тој секојдневно. Неговите концепти се засновани врз чесност, доверба, комуникација, фокус со надворешното и да се гледа подалеку, односно како што рече да се излезе од сопственото стаклено ѕвоно.
„Има пет клучни концепти на кои јас лично работам и тоа секојдневно, бидејќи не се работи за нешто што ќе го научите и ќе добиете диплома, тоа е нешто што го живеете. Прво е да се биде чесен, потоа да се изгради доверба, односно да се внесе доверба и во себеси и во другите, да се фокусирате на надворешното, да комуницирате и особено голем предизвик за сите вас за што сум размилсувал послендите месеци е да излезете надвор од она стаклено ѕвоно. Сите имаме некое свое замислено стаклено ѕвони во кое функционираме, но мора да излеземе од него. Потребно е вежбање и не е секој добар во сите овие пет концепти“, нагласи амбасадорот Бејли.
Посебно важно, додаде, е да се разберат сопствените слабости, бидејќи никој не е совршен, но и да се има голема самодоверба.
„Мора да ги разберете сопствените слабости исто како што ги разбирате и вашите силни страни. Тоа мора да го направите непристрасно и да сте свесни дека за одредена област не сте доволно добри како што е некој друг,“ рече американскиот амбасадор.
Во однос на фокусот тој ги посоветува учесниците на конференцијата дека мора да се фокусираат и на луѓе надвор од просторот кој им е познат, луѓе кои не се согласуваат со нив и светот го гледаат на различен начин.
На Школата за млади лидери која се организира на иницијатива на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов досега учествувале 280 млади и 167 предавачи од земјава и од странство. Идејата е да им се овозможи на младите, талентирани и иновативни луѓе од Македонија и наши иселеници да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и способности, преку предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот.