Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека денес и утре, екипите на ова претпријатие се ангажирани на чистење на чаршијата од гуми за џвакање (мастики) на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.
„Акцијата се врши во раните утрински часови кога по чаршијата нема многу посетители, а одстранувањето на гумите за џвакање го вршат 4 комунални работници со специјални шпакли.“- додаваат оттaму.