Политичките партии денеска ќе одржат митинзи во Скопје, Охрид, Куманово и во Кочани

Политичките партии влегуваат во последната недела од изборната кампања со митинзи и со средби со граѓаните, на кои ги претставуваат политичките програми за изборите на 11 декември.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе одржат митинзи во скопските општини Кисела Вода и Центар, а Kоалицијата за живот во Македонија предводена од СДСМ вечерва ќе биде во Дебар, Струга и во Охрид.

Коалицијата Алијанса за Албанците ќе одржи митинг пред жителите на Куманово, a лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ќе има средби со граѓани во општина Сарај, каде ќе се одржи и централен собир.

Коалицијата ВМРО за Македонија се очекува да одржи средби со граѓани на општините Пробиштип и Кочани.

Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократски сојуз, ќе оствари средба со граѓаните на Маџир-маало.

Носителот на кандидатската листа на Левица во четвртата изборна единица, Митко Николов, ќе има средба со граѓани на градскиот плоштад во Прилеп.

Извор: meta.mk