Претседателот Иванов ќе го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија“ на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре – 6 декември, ќе го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија” на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Факултетот за музичка уметност – Скопје се одликува со „Орден за заслуги за Македонија” по повод 50 години од основањето, а особено за постигнатите резултати во својата образовна, уметничка и научна дејност, со што даде исклучителен придонес во збогатувањето и промовирањето на македонската музичка култура и афирмација на Република Македонија во светот.