Од граѓанската организација „Цивил“ бараат од Државната изборна комисија и од другите надлежни институции повторно и целосно да ги пребројат гласовите во сите изборни единици.
Тие, исто така, бараат ревизија на неважечките гласачки ливчиња, при броењето на гласовите, бидејќи како што велат, за неважечките ливчиња се прогласувани и такви каде што јасно се гледа волјата на гласачите.
Од „Цивил“ бараат и прегласување во избирачките места во кои е забележано сериозно прекршување на гласачкото право и на изборните процедури.
„ДИК да овозможи увид во пребројувањето на гласовите, ревизијата на неважечките гласачки ливчиња и во избирачкиот материјал на заинтересираните домашни и странски набљудувачи. МВР да ја провери процедурата за издавање лични карти во Охрид, на самиот изборен ден и во Прилеп, на ден пред изборите“ – велат од „Цивил“.
Тие, исто така, бараат од ДИК да се изјасни дали има пријави по кои одлучувала и што се случи со оние гласачи кои ги немало во избирачкиот список, а ги имало во списокот на општинските изборни комисии.
Извор: meta.mk