Дваесетто јубилејно издание на детскиот фестивал „Блекзат“

Во Тетово, синоќа по дваесетти пат се одржа фестивалот на детски песни на албански јазик „Блетзат“. Честа да го отвори ова јубилејно издание на фестивалот му припадна на државниот секретар при Министерството за култура, Бехиџудин Шехаби.

Во своето обраќање пред присутните државниот секретар при Министерството за култура Бехиџудин Шехаби, им ги честита одличните настапи и интерпретации на младите артисти и посака нивната песна да биде апел за сите деца во светот да не бидат мета на напади од бесмислени војни како што е случајот со децата од Сирија .

Фестивалот се одржува со континуирана поддршка од страна на Министерството за култура, а на истиот учество земаа дечиња од Македонија, Косово и Србија.

drzaven_640_-10

Директорот на фестивалот, а воедно и директор на Телевизијата Коха, г-динот Мевај Абдиу, му врачи признание на државниот секретар, Бехиџудин Шехаби во знак на благодарност и безрезерна поддршка, која се надева дека ќе продолжи и во иднина.

Првото место на фестивалот „Блетзат“, беше доделено на Елса Османолај со песната „Нараквици“, додека на второ место се најдоа две композиции и тоа на Лина Демири која пееше за „Свет без врева“ и Уник Крои кој настапи со песната „Во Тетово“.

На трето место се најдоа три мелодии и тоа Еља Зибери со песната „Благодарам“, Туана Сељами со песната „Црвена боја“ и Туана Реџа со песната „Мајка“, која воедно ја доби и наградата од публиката за најубава интерпретација.

drzaven_640_-6