Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре 17ти декември (сабота) во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот „Преп. Нектариј Битолски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
18. декември (недела) 2016 година со почеток во 8:45 ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
Дебарско-кичвската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овој празник.