Со цел обезбедување на општата безбедност и одржување на јавниот ред и мир во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Одделението за превенција при СВР Скопје ќе ја реализира кампањата – “Среќна и безбедна 2017 година – во семејно и пријателско дружење“ со намера да им укажеме на граѓаните за опасноста од употребата на пиротехничките средства и можните последици од неодговорно однесување, но и да промовираме прифатливо и пожелно однесување за време на празниците.
Основна цел на кампањата е подигање на свеста кај граѓаните, особено кај малолетната популација, (која е главната целна група на овие активности) за опасноста од употребата на петарди и друти пиротехнички средства и намалување на бројот на повредите од нивната употреба.
Активностите ќе започнат утре (22.12.), во 11.45 часот, во просториите на ОУ “Тефејуз“ – општина Чаир, каде во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, ќе биде изведена показна вежба-симулација на повреда, а потоа ќе следува едукативен дел кој ќе се реализира со поддршка на ОУ “Тефејуз“.