Државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елизабета Тодоровска им додели симболични награди и пофалници на трите првонаградени ученички кои со свои есеи учествуваа на Конкурсот за ученици – за есеј на тема „Св.Климент Охридски и моќта на словото“, објавен по повод одбележувањето на 1100 години од смртта на Св. Климент Охридски.
На Конкурсот пристигнаа 105 есеи, а најдобрите три беа одбрани од страна на стручна комисија, согласно условите на конкурсот.
Првото место го освои Васка Ефтимова, ученичка во четврта година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија. Второнаграден е есејот на Рената Панчова, ученичка во четврта година во СОУ „Славчо Стојменски“ Штип. Додека, третото место го освои Мартина Пешова ученичка во деветто одделение во ООУ „Стојан Бурчевски- Буридан“ с.Сујаклари, Велес.
Министерството за образование и наука им честита на првонаградените ученици, како и на сите останати учесници на конкурсот.