Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати телеграма со сочувство до претседателот на Руската Федерација, г. Владимир Путин, по повод авионската несреќа во Црното Море.
„Почитуван господине Претседателе,
Со голема тага ја примив веста за авионската несреќа во Црното Море во која меѓу другите загинаа и припадниците на познатиот ансамбл за народни песни и игри „Александров”, и искрено жалам за големите човечки загуби. Во овој тажен миг, нашите мисли се со Вас и со пријателскиот руски народ.
Дозволете ми, во овие моменти на национална тага, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство.
Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до роднините и блиските на трагично загинатите од оваа голема трагедија.“