Делегација на Општината Есенлер од Истанбул во посета на Охрид

Делегација на општината Есенлер од Истанбул, Република Турција, денеска имаше работна средба со претставници на Општина Охрид, на која стана збор за вклучување на Охрид во заедничкото одбележување на 22 март, Светскиот ден на водите. Гостите најавија дека ќе испратат официјална покана за Фестивалот на градовите на вода, настан кој ќе биде поврзан со приказни и факти за значењето на водата низ различни културни, уметнички и научни активности од разни подрачја.

esenler_281220164853

Воедно, како што беше речено, фестивалот ќе биде добра можност за презентација и на туристичката понуда на градовите кои ќе учествуваат на овој голем меѓународен настан.

esenler_281220164852