Намален бројот на работници во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 99.1.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи пораст од 3.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1%, додека пораст бележи кај Енергија за 3.0%, Капитални производи за 4.2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.1%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2016 година, во однос на периодот јануари – ноември 2015 година, изнесува 100.2.