Новогодишен концерт на Ансамблот „Танец“

На 29.12.2016 година со почеток во 20 часот националниот Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец” ќе го одржи спектакуларниот 67. Новогодишен концерт.

Најубавите, најдобрите дела од годината што изминува, но, секако, и делата кои се нашето национално богатство, преку играта на игроорците, песната на пејачите и прекрасните звуци на оркестарот, ќе бидат изведени на сцената на Македонската опера и балет.

tanec_350_-2