Топлото време ги извади денеска стружани од нивните домови, а туристите од хотелите. Хотелите „Дрим“, „Белград“, „Макпетрол“ и другите беа закупени со поголемиот дел од капацитетите за продолжениот празничен новогодишен викенд.
Покрај кафулињата на езерскиот брег и по должината на реката Црн Дрим, деновиве нова атракција е новиот дрвен мост, што стружани како подарок го добија непосредно пред дочекот на Новата година.
Струшкиот бизнисмен Менди Ќура донираше околу 150.000 евра за проектот што го изработи проектантска куќа од Австрија, од каде беа увезени деловите кои беа потребни да се изгради новиот мост.
Извор: meta.mk