Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за погрешно тарифирање на стока и повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани златен накит, цигари, огномет, парафин за импрегнација на дрва, дискови за автомобил, женски бунди од природно крзно и друго.
Задржана е следната стока:
Златен накит
– 749 грама златен накит, откриени од страна на царинските инспектори од Одделението за оперативни работи, при контрола на патничко моторно возило со германски регистарски ознаки, управувано од грчки државјанин пријавено за излез од Македонија на ГП Богородица. При извршената царинска контрола, во багажниот простор поточно во фрижидерче за храна биле пронајдени 2 кутии со златен накит и тоа 21 прстен, 11 ланчиња, 11 пара обетки, 28 алки, 16 привезоци и 2 монети. Вкупната вредност на златниот накит изнесува околу 1 милион денари. Целокупната документација заедно со привремено задржаната стока предадени се на Одделението за истраги за нивно понатамошно постапување, а против пријавениот поднесена е соодветна кривична пријава.
Цигари
– 5700 парчиња цигари (30 штеки) со македонски акцизни марки, откриени од царинските службеници на ГП Дојран во патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од бугарски државјанин пријавен за излез од Република Македонија. При контрола на возилото, под левото предно крило во фабрички вграден простор и во два специјално направени бункери вградени во левиот и десниот праг на возилото биле пронајдени вкупно 30 штеки цигари. Против сторителот е поведена прекршочна постапка согласно Царинскиот закон, а стоката и возилото кое послужило како средство за сокривање на стоката привремено се одземени.
Огномет
– две кутии или 200 парчиња огномет -“Midnight Night mare“, откриени од страна нацаринските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на ГП Блаце. При царинска контрола на возилотона подот позади воачкото седиште и под совозачкото седиште пронајдени се две кутии со по 100 парчиња огномет. Случајот е предаден на Одделението за истраги за понатамошно постапување.
Сообраќајни дозволи и разна стока
– две сообраќајни дозволи за моторцикли кои биле пуштени во слободен промет без претходно да бидат ставени во пропишана царинска постапка и без да бидат платени увозни давачки, откриени на ГП Делчево во возило со италијански регистарски таблички управувано од македонски државјанин
– две парчиња дискови за автомобил, откриени на влез во државата на ГП Деве Баир во автобус со привремени регистарски таблици управувано од македонски државјанин. Непријавената стока била пронајдена во десниот преден багаж над десното тркало од автобусот
– 240 килограми парафин за импрегнација на дрва, откриени на ГП Табановце-автопат во возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин пријавен за влез во државата.
– 3 парчиња женски бунди од природно крзно, 2 парчиња метални кутии-HAGER-FL02A и 2 плочи FL42G, 100 парчиња термички спојки за кабел, 2 парчиња регулатор за светло, 8 парчиња дигитални термостати, 2500 парчиња спојки за кабел, 38 парчиња прекидачи со адаптер, 12 парчиња контактор, 20 парчиња релеј, 20 парчиња приклучок за релеј, 10 парчиња сигнална лед светилка, 20 парчиња Contact blok start B-1, 10 парчиња термостати, откриенина влез во Рeпублика Македонија на ГП Богородица кај српски државјанин во товарно моторно возило со српски регистарски ознаки.
– шест семки од марихуана, откриени од царински службеници на ЦИ Аеродром Александар Велики – отсек за стоково царинење, вопратка со опис на стока играчки, испратена од Англија за примач од Скопје. При преглед на стоката наместо играчка, пронајдени се две паковања со по три семки канабис од брендот Royal Queen Seed, каталози за нарачка и ризли – хартија за виткање на цигари. Стоката е предадена на Одделението за истраги за понатамошнo постапување.
Погрешно тарифирање на стока
Во царинска испостава Гевгелија спречен е обид да се царини погрешно тарифирана стока со цел да се предизвика избегнување на дозвола за увоз Д4 од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Царински застапник од Гевгелија за увозник од Скопје за царинење пријавил стока со потекло од Германија. При извршен преглед, царинските службеници утврдиле дека стоката со трговски назив ,,електричен систем за догревање на вода“ е погрешно тарифирана. Односно, утврдиле дека системот содржи две разладни единици со компресор и вентилатори и за увоз на оваа стока потребно е дозвола I025 од Министерство за животна средина и просторно планирање, која увозникот во моментот на царинење не ја поседувал. Против увозникот поведена е прекршочна постапка со мандатна казна, предметната стока привремено е задржана и согласно законска процедура увозникот е должен во рок од 8 дена да ја обезбеди потребната дозвола или за истата царинскиот орган ќе донесе решение за постапување со стока чиј увоз е забранет.