Божикна честитка од градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески

По повод големиот христијански празник Раѓањето Христово- Божик, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески до граѓаните од православна вероисповед упати честитка со желби, празнувањето да го поминат во весела и радосна атмосфера, славејќи ја љубовта, вербата и надежта.

„Раѓањето Христово- Божик е празник над празниците, симбол на радоста, заедништвото, мирот и благосостојбата меѓу луѓето. На овој свет ден срцата на милиони верници ги допира радосната вест за раѓањето на Спасителот-Исус Христос и ги потсетува на универзалните вредности, љубовта кон ближните, милосрдието и вербата за светла иднина за нас и идните поколенија.Не постои поголем празник кој побудува толкава радост, празник кој обединува и зближува со силата на љубовта и хармонијата.

Искрено Ви посакувам, Божик да прославите како празник на мирот и помирувањето, на љубовта и добрината која го поттикнува духот на разбирањето, взаемното почитување и афирмацијата на религиозните посебности. Ова е празник кога се слави заедништвото и почетокот на новиот живот, ден кога се истакнуваат семејните вредности и се посакува спокојно справување со сегашноста и осветлување на патот кон иднината“- стои во Божикната честитка на градоначалникот Никола Бакрачески.

bozik_2017_480