Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу, денес ја посети ПС Бит Пазар каде што разговараше со челните луѓе на оваа скопска полициска станица. Притоа, министерот Нухиу беше информиран за тековните активности на полициската станица, особено во контекст на јавниот ред и мир за време на новогодишните и божиќните празници, како и за состојбите со безбедноста и криминалитетот на подрачјето на оваа ПС.