Рокот за поднесување на документи, за остварување на социјалната заштита на граѓаните од средствата на буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици, е продолжен до 18 јануари 2017 година.
Сите граѓани кои до сега не поднеле барање, тоа можат да го направат во наредните седум дена.
Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјалната заштита на граѓаните од средствата на буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.
Субвенционирањето на трошоците за комуналните услуги, се однесува за периодот од 01.01.2017 година, заклучно со 31.12.2017 година.
Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 600,оо денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненти:
· Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
· Покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
· Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосверски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
· Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.
Право да поднесат барање за субвенционирање на трошците за комунални услуги од Буџетот на Општина Охри, имаат лицата со статус на:
· Корисник на социјална помош или
· Корисник на постојана парична помош или
· Невработен подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен,
Услов за погоренаведените категории е: корисниците и нивните брачни другари да бидат пријавени во Агенцијата за вработување на Р.М и активно да бараат работа; заедно со брачниот другар да не оствариле приходи поголеми од 105.600,оо денари во 2015 година и да не поседуваат друг имот освен оној во кој живеат;
· Лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест.
Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни или церебрално васкуларни заболувања или други тешки заболувања.
Доколку се пријават повеќе од 150 лица, со статус на лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест, во тој случај услов за оваа категорија на корисници е: во 2015 година заедно со брачните другари да не остваруваат приходи поголеми од 105.600,оо денари.
Подносителите на барањето за субвенционирање треба комулативно да ги исполнуваат следните критериуми:
· Да се државјани на Република Македонија;
· Да се жители на Општина Охрид;
· Да се корисници на Услуги од: МЈП Проква или ЈП Охридски Комуналец или ЈП Нискоградба или ЈП Градски Гробишта;
· Да се подносители на барање за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
Заинтересираните лица своите барања за субвенционирање можат да ги доставуваат во затворено плико, лично во архивата на Општина Охрид или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака ( “ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ” ).
Јавниот оглас да биде објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk.
Јавниот оглас ќе трае до 18.01.2017 година, а барањата за субвенционирање можат да се доставуваат за цело време додека трае огласот.