Не планираме да формираме Влада по секоја цена, особено не по цена на менување на Уставот. Нема да го менуваме Уставот по никоја цена особено не за воведување двојазичност на територијата на државата – вели Милошоски.
Не планираме да формираме Влада по секоја цена. особено не по цена на менување на Уставот. Нема да го менуваме Уставот по никоја цена особено не за воведување двојазичност на територијата на државата. СЈО во изминатиот период видовме колку е политизирано. Мандатот и надлежноста на СЈО ќе ги испочитуваме но нема да влегуваме во политички инжињеринг. Очекувавме дека спротивставените позиции по овие прашања со ДУИ може да претставуваат отежнувачки фактор во формирањето влада. Очекувам во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ официјално да ги почне преговорите со ДУИ за состав на нова Влада. Дали ќе успееме ќе се знае на истекот од законскиот рок – 29 јануари.
Милошоски вели дека зачудува тоа што изминатите две недели СДСМ имаат став за загадувањето, увозот на струја и други прашања но не и за главната тема – Платформата на албанските партии. Партијата на Заев преку свои експерти праќа сигнал дека за нив е се прифатливо само да дојдат на власт – вели Милошоски.