Охрид се украсува за Водици

Слабите врнежи од снег ова утро не ги спречија екипите на ЈП „Охридски Комуналец”, во соработка со координативното тело на општина Охрид, да започнат со украсување на центарот по повод претстојниот празник Богојавление.

Украсени се канделабрите и пристаништето со бршлен и зеленика. Како и секоја година на градското пристаниште се донесени 20-тина тезги кои ќе послужат за служење со топла ракија и вино на самиот празник, кои исто така се украсени со бршлен.

FotorCreated2-2

Поставени се заштитни огради на пристаништето и одредени се места каде што се поставени заштитни огради за лица со посебни потреби, како и за екипите за брзи интервенции при Црвениот крст.

Во текот на утрешниот ден ќе биде поставена бина пред капетанијата и ќе се постават верски знамиња во чаршијата и пристапните патишта кои водат до пристаништето. Покрај овие активности дел од екипите беа ангажирани за рачно расчистување на снегот од тротоарите во раните утрински часови.