Средба на министерот Нухиу со Амбасадорот на РС Мартин Безак

Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денеска се сретна со г. Мартин Безак, Амбасадор на Република Словачка во Република Македонија. На средбата, министерот Нухиу на Амбасадорот Безак му изрази благодарност до Република Словачка и до Министерството за внатрешни работи на Словачка за позитивниот одговор на барањето на Министерството за внатрешни на Република Македонија за продолжување на проектот за засилен надзор на јужиот дел од државната граница на Република Македонија кон Грција за 2017 година. Проектот би се реализирал на граничниот премин Меџитлија започнувајќи од 22 јануари 2017 година и според одлуката на Министерството за внатрешни работи на Словачка, би траел еден месец, и би имал за цел спречување на евентуалното повторно заживување на балканската рута.На средбата, исто така, уште еднаш беа потенцирани одличните билатерални односи што ги имаат двете земји.