Во пресрет на големиот христијански празник „Богојавление – Водици“, општина Охрид заедно со Црвен крст Охрид, традиционално веќе четврта година по ред доделија хуманитарни пакети на семества од социјален ризик. Пакетите содржат средства за лична хигиена и прехрамбени производи.
Претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, истакна дека општина Охрид постојано организира или се вклучува во ваквии хуманитарни акции.
„Општина Охрид во соработка со Црвен крст – Охрид, организира уште една хуманитарна акција, која што е една во низата на повеќе хуманитарни акции кои што предвидуваат помош на семејствата од социјален ризик. За голем број на пакети ќе бидат поделени социјални пакети кои што содржат некои основни прехрамбени продукти и некои основни продукти за одржување домаќинството. Тоа е начин со кој што одбележуваме ги одбележуваме повеќе празници, како и други денови кои што се посветени на борба против гладот, грижа за социјално ранливите категории,“ изјави претседателката Коњановска.
Ваквите акции, но и заложбите што општина Охрид ги прави за долготрајно решавање на овој проблем се потврда дека се грижи за овие категории на граѓани.