Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу на 16 и 17 јануари присуствуваше на дводневна конференција во Виена организирана од страна на COM-SULT на тема “Call for the future”.
На дводневната конференција министерот Лутфиу е поканет да дискутира за иднината на земјите од Западен Балкан на темата „ The Western Balkan: “Time for the next generation”.
На презентацијата на министерот Лутфиу во оваа конференција присутни беа и високи функционери од Европските земји и Балканот како претседателот на Собранието на Република Косово, г-дин.Кадри Весели, Проф. Флориан Биебер, од Универзитетот на Грац, г-ѓа.Милица Пејановиќ – поранешен министер за одбрана на Црна Гора, г-дин.Иван Војвода од германскиот Маршалов фонд во САД и г-дин.Ласзло Андор – поранешен комесар на Европската унија.
Министерот Лутфиу истакна дека земјите на ЕУ треба да им посветат поголемо внимание на Западен Балкан со цел реформите кои треба да бидат исполнети односно политичката стабилност, безбедноста и благосостојбата на граѓаните треба да бидат главни приоритети кои треба да бидат проследени од страна на сите Влади од регионот, вклучувајќи ги заедничките проекти кои имаат за цел интегрирање на земјите од Западен Балкан во евро-атлантските структури и Европската Унија.
Виенската конференција, по 14-ти пат организирана во Виена е еден од светските организации, на која присуствуваат истакнати политички личности и професори од нај рангираните универзитети во светот.