Јовица Башоски го фати светиот крст во Велестово

19-годишниот Јовица Башоски е најсреќниот фаќач на светиот крст во Велестово, меѓу 30-мината скокачи. На среќниот фаќач, од црквата „Голема Богородица“ од Велестово му подарија златно крсте и икона.

Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година.

Инаку, утре на вториот ден (Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител), традиционално новите кумови носат чајници со топла ракија и се служи во црквата Св. Богородица-Велестово. Годинава новите кумови подготвуваат и едно изненадување.

WebOhrid