Пред корисници на Фондот за иновации и технолошки развој денеска беа претставени можностите за соработка и финансирање проекти преку програмата на Европската унија за образование, обука, млади и спорт „Еразмус плус“ што се спроведува преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Фокусот на презентацијата беше ставен на делот „Клучна акција 2“, кој се однесува на соработка за иновација и размена на добри практики на корисниците на грантови на Фондот за иновации и технолошки развој, кои, дополнително беа информирани околу начинот на подготовка на проект апликации.
Инаку, клучната акција 2 предвидува финансирање на проекти кои се фокусираат на секторска и меѓусекторска соработка, проекти кои се однесуваат на работа со индустрија, билатерални и мултилатерални партнерства и воведување иновативни активности.