Конкурс за прибирање на барања за користење на средства од буџетот на Општина Охрид преку собвенционирање на трошоци за користење на спортските терени на ЈП „Билјанини извори“

Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори”-Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за дополнување на Oдлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти бр.07-4189/41 од 30.12.2014 година,  објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори”-Охрид.