Третоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ во посета на ТВ Морис

Околу 70тина ученици од трето одделние заедно со нивните наставнички од ОУ „Григор Прличев“ денес ја посетија локалната Телевизија Морис.

Учениците се запознаа со начинот на работење и информирање, ги посетија просториите каде се снимаат емисии и информативната програма, како и редакцијата во која се подготвува дневникот.

Основците најмногу ги привлече студискиот простор, како и преточувањето на снимката при монтажа, па до целосна сликовна реализација.

Дел од дечињата изразија желба еден ден да работат како новинари и водители во телевизија.

WebOhrid