Птичји грип во Зрењанин

Управата за ветерина при Министерството за земјоделие и заштита на животната средина на Србија, денес потврди појава на птичји грип (авијарна инфлуенца), кај мртвите лебеди пронајдени на 23 јануари кај градското езеро во Зрењанин.

Како загрозено подрачје моментално се смета подрачјето од најмалку 10 километри околу местото на пронајдените лебеди, а во наредниот период постојано се врши попис, опсервација и контрола на здравствената состојба на целата живина, како и надзор врз дивите птици во овој регион.

На оние кои што чуваат живина им се препорачува да спречат директен или индиректен контакт на дивите птици со живината, да ги подигнат биосигурносните и хигиенските мерки, со што би се спречило ширење на оваа заразна болест. Доколку забележат некаква промена во здравствената состојба на живината, потребно е благовремено да ги известат ветеринарите за понатамошни неопходни мерки.

WebOhrid