Градоначалникот Никола Бакрачески, испрати честитка по повод 27. Јануари, Денот на српската заедница во Република Македонија и празникот Свети Сава.
„На нашите сограѓани, припадниците на српската заедница, наискрено им го честитам Денот на првиот српски архиепископ Свети Сава, кој се прославува секаде каде што живеат Срби.Посакувам празникот да го поминат во пријатна атмосфера со пораки за мир, среќа и благосостојба.
Српската заедница во Охрид е нераскинлив дел од нашата заедница, во која сите се стремиме за соживот и меѓусебно почитување, со што даваме придонес во напорите за развој и просперитет на нашиот древен град. Во тој дух , го почитуваме Вашето чествување на Свети Сава кој за српскиот народ е непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога, кон себе и кон блиските, духовна крепост и патоказ кон иднината исполнета со слобода, хуманизам, благодат и напредок.
Живеејки во свет кој упатува на почитување на културни и јазични вредности на разни етнички заедници сакаме да го искажеме нашето задоволство што Вие сте биле и сте дел од процесите за градење на подобра заедничка иднина“- стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески.