Изминатиот период екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на отстранување на абразивните средства (сол и песок), кои беа фрлени во големи количини поради ладните температури и врнежите од снег.
„Ангажирани се сите вработени на „Јавна хигиена” при што се започна со чистење од центарот према периферијата на градот.“– информираат од претпријатието.