Врз основа на 148 став (6) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ број 140/10, 53/11, 55/12, 106/13,116/15, 149/15 и 93/16), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство известува дека од страна на ЗЗ „Охридска черешна 2015’’ е поднесено барање со елаборат за регистрација на заштитен назив со географска ознака – Охридска цреша.
На денот на објавата на ова соопштение во дневниот печат, елаборатот за Охридска цреша ќе биде објавен и достапен за преземање на официјалната веб страна на Министерството www.mzsv.gov.mk.
Секое домашно или странско правно или физичко лице, има право да поднесе приговор на предложениот назив до Министерството во рок од 30 дена од денот на објавувањето на елаборатот, доколку смета дека се исполнети условите за приговор утврдени во член 149 став (1) од Законот за квалитетот на земјоделските производи.
Додаток за преземање: